Достапни линкови

Неделен печат - Судбината на Црвенковски по изборите


Предизборен митинг на опозициската СДСМ во Струмица.

Предизборен митинг на опозициската СДСМ во Струмица.

Капитал и Република го анализираат првиот човек на СДСМ Бранко Црвенковски, Глобус пишува за меѓународната интервенција во решавањето на политичката криза, а Фокус за предизборните ветувања на власта.

Капитал - Поради заканите за ревизија на приватизацијата од Црвенковски, бизнис-заедницата е свртена кон Груевски
Најлошата карта на која може да заигра еден политичар е подгревање на меѓуетничките тензии токму кога е во ек кампањата за локалните, што може да доведе до дополнително распламтување на страстите на самиот ден на гласање.

Капитал упорен во нападите на СДСМ и неговиот лидер Бранко Црвенковски: колумната во најновиот број и овојпат е посветена на вивисекцијата на социјалдемократите која почнува со прашањето ќе издржи ли Македонија и ние во неа? Авторот ја прогласува СДСМ за деструктивна партија, без јасни ставови за иднината на земјата која поради внатрешната неодговорност на лидерството ги загубила основните државнички тези по клучните прашања за иднината на Македонија. Авторот исто така надокрај признава дека деловната и бизнис-заедницата целосно е свртена кон Груевски и неговата партија на власт како резултат на заканите на лидерот Црвенковски до директорите и газдите од приватизацијата дека ако СДСМ дојде на власт ќе ја преиспита целата приватизација.
Уште пред да заусти опозицијата дека 20 отсто народ ни се исели и заради Скопје 2014, власта ветува Македонија 2017. Демек како што досега се инвестирало во главниот град, отсега ќе се вложувало низ целата земја. Фино смислено, ама неостварливо. Снема пари, а богами во меѓувреме снема и бааги народ. Да не беше иселен и попис ќе имавме.

Глобус - Меѓународна интервенција во решавањето на домашната политичка криза

Он-лајн магазинот Глобус, ја анализира, како што пишува, меѓународната интервенција во решавањето на домашната политичка криза со главна теза дека премиерот Груевски по заминувањето од преговорите со Филе и неговата придружба, бил видливо лут, нервозен, би се рекло - бесен, дека на ненадејно свиканата прес-конференција со новинарите покажал едно од најлошите државнички изданија и дека за тоа морал да има причина. Глобус смета дека е политички „непристојно“ и спрема претседателот Иванов и спрема гостите од Брисел да ја „надградува“ изјавата на претседателот, и дека на новинарските прашања одговарал конфузно, ама „империјално“ - како што пишува неделникот. Глобус толкува дека со тоа покажал дека на преговорите се случило нешто спротивно од она што тој го посакувал.

Република - Собранието пак комплетно, улиците полни со насилство

„Собранието пак комплетно, улиците полни со насилство“, е насловен текстот во Република во кој уште од небо се гледа дека се мисли на лидерот на опозицијата кога пишува дека: „Најлошата карта на која може да заигра еден политичар е подгревање на меѓуетничките тензии токму кога е во ек кампањата за локалните, што може да доведе до дополнително распламтување на страстите на самиот ден на гласање...“ И Република се занимава со тоа дали по локалните местото на Црвенковски ќе го заземел некој нов лидер или ќе се родела нова партија.

Фокус - Уште пред да заусти опозицијата дека 20 отсто народ ни се исели и поради Скопје 2014, власта ветува Македонија 2017

„Уште пред да заусти опозицијата дека 20 отсто народ ни се исели и заради Скопје 2014, власта ветува Македонија 2017“ - пишува во уводникот Фокус. Демек како што досега се инвестирало во главниот град, отсега ќе се вложувало низ целата земја. Фино смислено - коментира неделникот, ама неостварливо. Снема пари, а богами во меѓувреме снема и бааги народ. Да не беше иселен и попис ќе имавме. Само што и овој факт треба да допре до гласачите, шашардисани од владината пропаганда, која трае веќе седум години! - предупредува Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG