Достапни линкови

Убиени киднапираните странски работници во Нигерија


Припадници на исламистичката нигериска група Ансару

Припадници на исламистичката нигериска група Ансару

Исламистичката нигериска група Ансару соопшти дека ги убила седумте странски работници кои беа киднапирани во минатиот месец. Во онлајн порака наводно Ансару навела дека решила да им го одземе животот на заложниците поради најавите дека Британија и Нигерија планираат спасувачка мисија.
Меѓу загинатите работници има тројца Либанци и по еден од Британија, Грција, Италија и Филипини.Тие работеле за либанска градежна фирма.
XS
SM
MD
LG