Достапни линкови

Хејгл на средба со авганистанскиот претседател Карзаи


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл во посета на воен тренинг центар во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл во посета на воен тренинг центар во Кабул

Новиот американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл се очекува денеска да оствари средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Посетата на Хејгл доаѓа по самоубиствениот талибански бомбашки напад пред авганистанското министерство за одбрана во Кабул, при што загинаа 9 цивили.
Талибанците соопштија дека со нападот сакале да испратат порака до Хејгл дека милитантите и натаму имаат сила да дејствуваат. Хејгл изјави дека ја слушнал експлозијата и го опиша Авганистан како воена зона.
XS
SM
MD
LG