Достапни линкови

Самарас: Нема повеќе мерки за штедење


Грчкиот премиер Андонис Самарас вети дека во Грција, земја погодена од рецесија, повеќе нема да има мерки за штедење. „Нема повеќе да има мерки за штедење. Штом ќе биде остварен стопанскиот раст, ќе почнат мерки за олеснување“ рече Премиерот. Самарас напомена дека грчката економија се уште не излегла „од интензивната нега, се уште не излегла од болница“. Претставниците на тројката кредитори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, моментално во Атина ги проверуваат чекорите, кои Грција ги презела за да ги исполни обврските во рамки на програмата за помош, која и е одобрена.
XS
SM
MD
LG