Достапни линкови

Вицепремиерот на Кенија прогласи победа на претседателските избори


Актуелниот вицепремиер на Кенија Ухуру Кенјата победи на претседателските избори во земјата, покажуваат прелиминарните резултати. Неговите противници не го признаваат поразот. Прелининарните резултати покажуваат дека Кенјата освоил 50,3 проценти од гласовите со што го надминал 50 процентниот праг за прогласување победа во првиот круг гласање. Премиерот Раила Одинга е второпласиран по бројот на освоени гласови, со 43,3 отсто. Одинга обвини на изборни злоупотреби и најави дека резултатите од гласањето ќе ги оспори на суд.
XS
SM
MD
LG