Достапни линкови

logo-print

Најмалку осумнаесетмина загинати во напади во Авганистан


од местото на експлозијата во Кабул

од местото на експлозијата во Кабул

Најмалку деветмина загинале во експлозијата предизвикана од бомбаш самоубиец во Кабул денеска, соопштија авганистанските власти. Инцидентот се случи за време на посетата на новиот американски секретар за одбрана во земјата Чак Хегел. Властите соопштија дека Хегел не бил во близина на местото каде настанала експлозијата. Бомбашот ја детонирал експлозивната направа пред Министерството за одбрана до каде пристигнал со точак.

Во меѓувреме, во напад на бомбаш самоубиец во источниот дел на земјата загинале полицаец и осуммина цивили, меѓу кои повеќемина деца. Овој инцидент се случил на полициски контролен пункт во близина на градот Кост, откако полицаецот не успеал да го спречи бомбашот.
XS
SM
MD
LG