Достапни линкови

Србија не може да наплати половина од даночниот долг


Вкупниот даночен долг на стопанството и граѓаните во Србија на крајот од 2012 година бил околу 1.025 милијарди динари (девет милијарди евра), од кои 356,9 милијарди е главница и 667,9 милијарди се камати, изјави вршителот на должност директор на Даночната управа на Србија, Иван Симиќ. “Од тој износ ненаплативи се 573,6 милијарди динари долг бидејќи должниците се избришани од регистерот или се во стечај, ликвидација, постапка за приватизација, а во некои случаи се работи и за фантомски фирми или перење пари” изјави Симиќ за белградски медиуми.
XS
SM
MD
LG