Достапни линкови

logo-print

Заврши рокот за доставување кандидатури за локалните избори


Во текот на денешниот ден се очекува да се знае конечниот број на кандидатите за градоначалници и советници за претстојните локални избори на 24 март, откако на полноќ заврши дополнителниот рок за доставување кандидатури до општинските изборни комисии, односно до Државната изборна комисија од страна на политичките партии и коалициите. ДИК утре ќе изврши уште едно жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање. Нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ.
XS
SM
MD
LG