Достапни линкови

Николас Мадуро назначен за В.Д. Претседател на Венецуела


Николас Мадуро беше инаугуриран како вршител на должноста претседател на Венецуела. Мадуро ја даде заклетвата во петокот по државничкиот погреб на покојниот шеф на државата Уго Чавез, кој почина од рак во четвртокот. Претседателските избори во Венецуела би требало да се организираат за 30 дена, согласно уставот на земјата. Опозицијата смета дека инаугурацијата на Мандуро е противуставна.
XS
SM
MD
LG