Достапни линкови

Разбиен протестот на деца и малолетници во Скопје


Протест на млади Албанци во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Протест на млади Албанци во Скопје

Меѓу демонстрантите имаше многу деца кои со капи и шалови го прикриваа своето лице. Експертите велат дека децата се злоупотребуваат за политички цели.

Стотина малолетници од Јаја-пашината џамија попладнево се упатија на протест пред Влада, но откако наидоа на полициски кордон во близина на мостот Гоце Делчев се разбегаа и почнаа да фрлаат камења кон полицијата. Органите на редот во неколку наврати се обидоа мирно да ги разбијат демонстрантите. На групата млади луѓе на Бит Пазар им се приклучија и повозрасни, но не дојде до поголеми инциденти. Меѓу демонстрантите имаше многу деца кои со капи и шалови го прикриваа своето лице и скандираа УЧК.
Трагично е што политичките актери воопшто не водат сметка за тоа дека токму младите луѓе ги вклучуваат на некој начин во остварувањето на нивните политички цели, притоа не водејќи сметка дека тие се вклучени во насилството кое се случува и стануваат жртви.
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет на Македонија.

Дел од возрасните кои беа присутни на почетокот на протестот се оградија и велеа дека нема да има протести. Тие изјавија дека собирот не е партиски, затшто се разочарани од сите политичари.

Експерите со кои разговаравме претпладнево велат дека протестите не се спонтани, туку дека политичките елити ги манипулираат и злоупотребуваат децата и малолетниците за собирање политички поени.

Хелсиншкиот комитет кој одблизу ги следи протестите неколку пати апелираше да не се манипулира со младите луѓе и повика политичките актери да се воздржат од говор на омраза. Директорката Уранија Пировска вели дека не сака да шпекулира кој се манипулира со младите, но смета дека тоа е феномен кој што со години наназад се појавува во предизборните кампањи.
Тоа што ни се случува не е спонтано и неорганизирано, туку напротив децата ги инволвираат и ги злоупотребуваат одредени да кажам структури кои користат одредени механизми, било да се тие владини или невладини структури, но, според моето мислење, зад сето тоа стои одреден механизам.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Трагично е што политичките актери воопшто не водат сметка за тоа дека токму младите луѓе ги вклучуваат на некој начин во остварувањето на нивните политички цели, притоа не водејќи сметка дека тие се вклучени во насилството кое се случува и стануваат жртви.“

Професор Осман Кадриу вели дека последните инциденти и насилство немат никаква врска со демократското право за протести затоа што тие се насилни и се насочени кој полицијата. Тој додава дека ова што се случува ни оддалеку не е спонтано.

„Тоа што ни се случува не е спонтано и неорганизирано, туку напротив децата ги инволвираат и ги злоупотребуваат одредени да кажам структури кои користат одредени механизми, било да се тие владини или невладини структури, но, според моето мислење, зад сето тоа стои одреден механизам.“

Кадриу смета дека сите политички фактори треба да работат кон подобрување на ситуација, а не да долеваат масло во огнот.

„Со ваквите начини и протести кои се преземаат, а се во директна спротивност со целокупното наше позитивно право и нашиот устав, сакаат да постигнат евентуални политички поени. Ова се случува во период на изборната постапка и се по изгледа одредени партии сметаат дека и на ваков начин со вакви методи и формули, па и со злоупотреба на децата што е мошне штетно и недозволиво, ќе постигнат одредени поени кај народот и гласачите и со други зборови или сакаат да дојдат на власт или тие што се на власт да се задржат таму.“

Малолетниците се користат како иницијална каписла во меѓуетничките инциденти со што лесно се разгорува гневот. Пировска вели дека тоа што во Македонија недостасува за да се превенира злоупотреба на децата е надминување на стереотипите и подобрување на образовниот систем.

„Токму во вакви периоди низ каков што сега ние поминуваме, односно предизборна кампања, тие служат за инструмент. Треба во многу работи да се смени системот на образование на младите луѓе, потребно е да се смени концептот на којшто треба да се гради соживотот во оваа земја.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG