Достапни линкови

logo-print

Закони сè повеќе, права за жените сè помалку


Незапазување на работното време и непримање или отпуштање на бремени жени или мајки на мали деца, се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат жените денеска.

Закони сè повеќе, права сè помалку, посочуваат жените од неколкуте здруженија на жените во Македонија кои ги консултиравме. Правата денеска се загрозени на повеќе нивоа и тоа загрозување расте.
Досега немавме ни жена премиер, немавме ни претседателка на Собрание, имаме заменички, значи ние сме секогаш во улоганекого да заменуваме.

Најчестите се незапазување на работното време што се забележува во однос на сите вработени, но најтешко сепак им паѓа на жените поради сите останати обврски кои ги имаат по завршувањето на работните, вели Светлана Петровиќ од Самостојниот синдикат на финансиските организации во Македонија. Тука е пресудно влијанието на надворешниот капитал и нерегулираните правила на игра со странските инвеститори, додава Петровиќ.
Активистките за женски права Клара Цеткин и Роза Луксемург во Берлин на почетокот на 20 век.

Активистките за женски права Клара Цеткин и Роза Луксемург во Берлин на почетокот на 20 век.


„Бараат норми кои највеќе му угодуваат на капиталот, значи имаме една многу изразена капитал-логика, наемен работник во рацете на некој капитал.“
Со последните измени и дополнувања на Законот за работни односи од 2013 година, се обезбедува заштита од секаков вид на дискриминација по основ на раѓање, бременост или родителство.

Друг голем проблем е непочитувањето на вистинските квалитети на вработените жени и распоредување на адекватни работни места. Со овие проблеми се бори Самостојниот синдикат, но, како што велат оттаму, работите се исправаат премногу бавно бидејќи и покрај љубезноста на менаџерите, тие се сè подалеку од вработените и не може да се воспостави вистинска комуникација.
И во рамките на општествено политичкиот живот состојбата е иста, наместо главни, жените во Македонија се принудени да играат споредни улоги.

„Досега немавме ни жена премиер, немавме ни претседателка на Собрание, имаме заменички, значи ние сме секогаш во улоганекого да заменуваме“, вели Зорица Тимовска од Здружението на жените на град Скопје.

Мобинг и нарушени права во поглед на породилно боледување и други отсуства од работа се главните проблеми кои ја принудија Секцијата на жени при ССМ да бара гаранција за решавање на овие проблеми преку законски измени.

„Со последните измени и дополнувања на Законот за работни односи од 2013 година, се обезбедува заштита од секаков вид на дискриминација по основ на раѓање, бременост или родителство“, појаснува Елизабета Гелевска од ССМ.

РСЕ: Тоа значи дека често имало такви случаи?

„Да, да, во изминатиот период имало повеќе вакви случаи кога дури или не сакале да ги вработат или отпуштале бремени жени“, вели Гелевска.

Од ССМ велат дека во последните три години се направени одредени чекори и се чекаат ефектите од нив. Такви се донесувањето на стратегија за родова еднаквост 2013-2020 на национално ниво, учествува во собраниските комисии и посветување поголемо внимание за заштита на одредени ранливи групи како што се младите, хендикепирани и сл.
XS
SM
MD
LG