Достапни линкови

logo-print

Предизборно шоу - ред навреди, ред висока политика


Промоција на кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Избори 2013.

Промоција на кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Избори 2013.

Опозицијата на првите настапи се уште им објаснува на граѓаните дека вонредни парламентарни избори сепак ќе има. Власта пак потсетува на сите афери што ги имал СДСМ во минатото.

По измината една четвртина од изборната кампања и на истекот на рокот за кандидирање, се наметнува констатацијата дека кандидатите за градоначалници и советници се во дебела сенка на лидерите на најголемите партии, како и оти „локалните“ теми некако се изгубија во понудата на „крупни“ прашања.

Опозицијата на првите настапи се уште им објаснува на граѓаните дека вонредни парламентарни избори сепак ќе има, а и зошто го прекинала бојкотот, доведувајќи ја таа одлука во врска со спорот со Грција за името.
Затоа што Никола Груевски зел обврска, давал уверувања дека до јуни ќе направи се да го реши спорот со Грција и Македонија на јунскиот самит на Европската унија да добие датум за почеток на преговорите.

„Затоа што Никола Груевски зел обврска, давал уверувања дека до јуни ќе направи се да го реши спорот со Грција и Македонија на јунскиот самит на Европската унија да добие датум за почеток на преговорите“, вели лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Предизборен митинг на СДСМ во Струмица.

Предизборен митинг на СДСМ во Струмица.


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, пред да премине на ветувањата дека неговите кандидати ќе остварат 10 илјади и 112 проекти, ги потсетува граѓаните на митинзите за сите афери што ги имал СДСМ во минатото, од ТАТ, преку Бачило, резервни тенковски делови.
И помалите и повозрасните не ја гледаат иднината со Бранко, со луѓето околу него, со тие морални вредности, со тие етички вредности, со тие принципи, односно немање принципи.

„И помалите и повозрасните не ја гледаат иднината со Бранко, со луѓето околу него, со тие морални вредности, со тие етички вредности, со тие принципи, односно немање принципи.“

А кандидатите, полни со самодоверба, ги упатуваат пораките дека тие се најдобри, а нивните противници не ги бидува за ништо и нема што да бараат на изборите.

„Уште кога го објавија мојот кандидат само реков - милозлив е господ кон мене, сè се знаеше уште тогаш“, изјави Зоран Заев, кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Избори 2013.

Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Избори 2013.


„Промените не доаѓаат од Охрид, туку промените доаѓаат во Охрид, промените се случуваат затоа што охриѓани тоа го бараат“, рече Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ, кој претендира на оваа функција во Охрид.

Кај партиите на Албанците ситуацијата е слична, со тоа што тежиштето на политичката битка во првите денови е во Тетово, Струга, Чаир...
Не ме интересира ништо од политика.

Не ретко, на настапите на партиите на митинзите, прес конференциите, средбите со граѓаните, кандидатите толку ги понесува атмосферата што даваат ветувања кои се далеку од реалноста, па дури и за толку надарени луѓе, за какви се претставуваат во кампањата. Па, иако минаа само неколку дена од изборната кампања, на многу луѓе веќе им збоктисаа партиските агитации.

„Ништо не им верувам, воопшто не им верувам.“

„Не ме интересира ништо од политика.“

„Не следам воопшто.“

А каде се во сето ова медиумите. За нивното однесување доволно зборува оценката што по еднонеделниот мониторинг ја дава Високата школа за новинарство и односи со јавноста, со поддршка од Холандската амбасада и ОБСЕ: потпалувачки говор, стереотипизација, политичка пристрасност и демонизација на политичките актери, еднострано известување или пак неизвестување за настани, кршење на професионалните новинарски стандарди. Иако ситуцијата е сериозна, на шега може да се каже дека известувањето на медиумите во просек е избалансирано: едни јавуваат само за активностите на власта, а други само за опозицијата.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG