Достапни линкови

logo-print

Неколкумина загинати во етнички судири во Кина


архива

архива

Неколкумина луѓе биле убиени во судири меѓу припадници на кинеското малцинство Ујгури и на кинеската мнозинска заедница Хан во провинцијата Синџијанг на западот од земјата. Радио Слободна Азија цитира сведоци дека полицијата го зголемила нејзиното присуство во градот Корла каде што во еден центар за видео игри дошло до судирите. Кинеските државни медиуми не известуваат за инцидентот. Ујгурите претежно се муслимани и чинат скоро 40 насто од населението во провинцијата Синџијанг која има 21 милион жители. Тие се жалат дека немаат културни и верски слободи.
XS
SM
MD
LG