Достапни линкови

Откриен непознат вид бактерии


Езерото Восток на Антарктикот

Езерото Восток на Антарктикот

Руските научници тврдат дека откриле досега непознат тип на бактерии во Езерото Восток на Антарктикот. Сергеј Булат од Институтот за нуклеарна физика во Санкт Петербург изјави дека научниците сметаат дека станува збор за форма на живот која досега не била класифицирана и идентификувана. Тој додаде дека се исклучува можноста од евентуална контаминација на примерокот на бактеријата. Езерото Восток е најголемото езеро на Антарктикот, се наоѓа под илјадници метри мраз и се верува дека било недопрено милиони години.
XS
SM
MD
LG