Достапни линкови

Меѓународен ден на жената 8 март


Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на жената 8 март. Обединетите нации препорачаа годинава пораката да биде: „Ветување е ветување: време е за акција за да му се стави крај на насилството против жените“. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека претходната година била година на шокантни злосторства и насилства против жените и девојчињата. „Оваа година ќе го пресвртиме нашиот гнев во акција. Објавуваме дека ќе ги процесуираме злосторствата против жените“, вели во пораката Бан ки Мун.
XS
SM
MD
LG