Достапни линкови

Завршува рокот за кандидатури за локалните избори


ДИК ќе изврши дополнителна жрепка

ДИК ќе изврши дополнителна жрепка

Вечер на полноќ завршува дополнителниот рок за поднесување кандидатури за советници и градоначалници, што во саботата го изгласа македонскиот парламент откако власта и опозицијата постигнаа договор за надминување на политичката криза.
Државната изборна комисија го адаптираше Роковникот за работа согласно со продолжувањето на роковите за доставување кандидатури. Се очекува в недела да се изврши дополнително жребување, по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање.
Изборната кампања ќе трае до 22 март, а првиот круг од гласањето ќе биде на 24 март.
XS
SM
MD
LG