Достапни линкови

logo-print

Одложен приемот на Бугарија и Романија во Шенген зоната


Приемот на Бугарија и Романија во безвизната Шенген зона е одложен до крајот на годинава, бидејќи Германија се закани дека ќе стави вето. Берлин го образложи својот став со загриженоста поради недоволниот напредок во јакнењето на владеењето на законот во двете земји, кои се членки на ЕУ од 2007 година. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих изјави на состанокот на министрите на ЕУ во Брисел дека Софија и Букурешт се уште не ги исполниле критериумите за приклучување во 26-члениот Шенгенски договор. Постојат некои области во кои има недостатоци, како што се функционирањето на правосудниот систем, што не` спречува да го поддржиме укинувањето на границите, истакна Фридрих, предупредувајќи на опасноста од бран сиромашни мигранти, кој би можел да ја зафати Германија.
За некоја земја да стане дел од Шенгенската зона, сите 27 држави членки на ЕУ треба да гласаат за нејзин прием. Бидејќи Германија се закани со вето, гласањето е одложено барем до крајот на годинава. Австрија и Холандија изразија сомнеж дека Бугарија и Романија се подготвени да станат дел од Шенгенот. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави во меѓувреме дека Берлин „го политизира“ процесот на приклучување на Бугарија и Романија во безвизниот режим.
XS
SM
MD
LG