Достапни линкови

Северна Кореја го поништи пактот за ненапаѓање со Јужна Кореја


Северна Кореја соопшти дека го поништува пактот за ненапаѓање и телефонската линија за итни случаи со Јужна Кореја. Објавувањето доаѓа неколку часа откако Советот за Безбедност на ОН усвои нови санкции против Пјонгјанг, како одговор на третата нуклеарна проба на оваа земја од 12 февруари. Изјавата е издадена од Комитетот за мирно реобединување на Кореја, а ја пренесе официјалната Корејска централна новинска агенција.
Вчера Северна Кореја се закани со можен нуклеарен напад врз САД. Белата Куќа одговори дека е уверена оти Америка ќе може да се одбрани од евентуален севернокорејски напад со балистички ракети.
XS
SM
MD
LG