Достапни линкови

Телото на Чавес ќе биде заштитено како Ленин


Привремениот претседател на Венецуела Николас Мадуро изјави дека телото на Уго Чавес ќе биде заштитено како Ленин и ќе биде трајно изложено во стаклен ковчег. Тој соопшти дека телото на починатиот претседател ќе биде изложено уште седум дена во воената академија, во близина на претседателската палата. Ова соопштение доаѓа пред погребот на Чавес кој ќе биде извршен денеска, на кој се очекува да присуствуваат десетици светски лидери, меѓу кои и претседателите на Иран Махмуд Ахмадинеџад и на Белорусија Александар Лукашенко.
Веста за смртта на 58-годишниот Чавес беше објавена во вторникот. Чавес, кој владееше 14 години, се лекуваше од рак и на Куба имаше неколку операции.
XS
SM
MD
LG