Достапни линкови

Одложена американска награда за египетска активистка


Самира Ибрахим

Самира Ибрахим

САД го одложија давањето на наградата по повод Меѓународниот ден на жената на египетската активистка Самира Ибрахим, поради антиамерикански и антисемитски коментари на нејзиниот Твитер профил. Портпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека наградата за храброст требало денеска да биде претставена од страна на Првата дама Мишел Обама и Државниот секретар Џон Кери. Нуланд истакна дека Ибрахим негирала оти изјавите се нејзини и дека профилот и бил хакиран, но американските власти ја продолжуваат истрагата.
Самира Ибрахим беше наградена поради противењето на тестовите за невиност воведени од египетската армија за време на револуцијата во 2011 година.
XS
SM
MD
LG