Достапни линкови

Скоро 75 насто од буџетот на Уставниот суд оди за плати на вработените, па за останати активности и трошоци остануваат многу малку пари. Ограничените финансии и кадровски ресурси имаат влијание врз можноста судот уште поуспешно да ги извршува своите надлежности, вели претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски.

Уставниот суд нема пари за нови компјутери и диктафони, ниту за обука на стручен кадар, нити да пополни 4 работни места откако досегашните вработени заминале во пензија, а не може ни да си плати членарина во меѓународните организации за уставна правда со што е доведено во знак прашање членувањето во нив. Буџетот на Уставниот суд годинава изнесувал 522 илјади евра од кои речиси 75 проценти се потрошени за плати на вработените, па за останати активности и трошоци остануваат само 129 илјади евра.
Поради лимитираниот износ на средствата за меѓународна соработка, Уставниот суд не е во можност да ги исполнува финансиските обврски поврзани со членството во меѓународните организации со што е доведено во прашање неговото натамошно членство во меѓународните организации за уставна правда.

Претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски во своето годишно обраќање пред медиумите изјави дека ограничените финансии и кадровски ресурси имаат влијание врз можноста судот уште поуспешно да ги извршува своите надлежности и е доведено во прашање неговото функционирање.

„Поради лимитираниот износ на средствата за меѓународна соработка, Уставниот суд не е во можност да ги исполнува финансиските обврски поврзани со членството во меѓународните организации со што е доведено во прашање неговото натамошно членство во меѓународните организации за уставна правда.“

Поранешниот претседател на Судот, судијата Трендафил Ивановски, кој беше лустриран, смета дека една од причините за лошата финансиска состојба на судот е обидот на власта преку неодобрување на повеќе буџетски средства да изврши пресија врз Уставниот суд.
На некој начин Судот да не може да ја врши во целост својата функција. Иако во ваа фаза сега со персоналниот состав мислам дека овој проблем е надминат од аспект на тоа што секогаш судот ќе биде за власта, за жал, но проблемот на материјалната самостојност како проблем постоела и порано и верувам дека и сега постои.

„И на некој начин Судот да не може да ја врши во целост својата функција. Иако во ваа фаза сега со персоналниот состав мислам дека овој проблем е надминат од аспект на тоа што секогаш судот ќе биде за власта, за жал, но проблемот на материјалната самостојност како проблем постоела и порано и верувам дека и сега постои.“

Наумовски вели дека не може да го коментира обвинувањата дека со последните промени на составот на судиите, Судот стана продолжена рака на власта, но рече дека промени со кои не се согласува има.

„Јас сум еден од најстарите во овој состав. Можам да кажам дека има одредени отстапувања во однос на она, а тоа го кажувам како моја оценка, што се однесува на образложенијата на одлуките и во некои ставови, промена на ставови на Судот. Тоа го имало порано, може ќе го има и сега, некогаш подрастично, некогаш не толку изразено. Сепак, секој судија е самостоен и независен во своето одлучување. Одговорен е во рамки на надлежноста, водејќи притоа сметка и за севкупната одговорност на Судот.“
Јас можам за себе да кажам, јас имам издвоени мислења во последниве неколку месеци, околу 4-5 издвоени мислења, тие може да ги прочитате во службениот весник да видите зошто сум мислел спротивно на мнозинството, да не ги кажувам сега закон за образование беше, законот за здравство, па беше законот за управна постапка итн., кои што според моите анализи и согледувања беа спротивни со самата одлука на Судот.

Ивановски вели дека Уставниот суд повеќе не ја остварува својата основна општествена функција.

„Според тоа, штом не ја остварува, не се остварува Уставот, штом не се остварува Уставот, можеме да зборуваме за една неправна држава или за една држава која што не си го почитува сопствениот Устав.“

Тој своите тврдења ги базира на последните одлуки на судот за закони кои ја разбрануваа јавноста, како што е законот лустрација каде што власта во неколку наврати по одлуките на судот со измени повторно во Собранието донесуваше сличен закон, како и за контроверзиите околу законот за високо образование.

„Еве неодамна го имавме законот за високо образование каде што се најде основ за интервенција за само две периферни одредби не навлегувајќи во суштината на иницијативата каде што беше спорна воопшто автономијата на Универзитетот. И ред други закони кои заслужуваат внимание, но еве не се произнесуваат по нив.“

Наумовски вели дека не секогаш се согласува со мнозинството во Уставниот суд за одредени одлуки.

„Јас можам за себе да кажам, јас имам издвоени мислења во последниве неколку месеци, околу 4-5 издвоени мислења, тие може да ги прочитате во службениот весник да видите зошто сум мислел спротивно на мнозинството, да не ги кажувам сега закон за образование беше, законот за здравство, па беше законот за управна постапка итн., кои што според моите анализи и согледувања беа спротивни со самата одлука на Судот.“

Судот во изминатава година постапувал по 335 иницијативи од кои 239 се завршени, а по останатите 96 ќе се одлучува годинава. Најголем број од иницијативите се поднесени од граѓани, а според видот на актот 103 од вкупно доставените иницијативи се однесуваат на закони.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG