Достапни линкови

logo-print

Берлускони осуден на една година затвор


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Италијанскиот суд денеска го осуди поранешниот премиер Силвио Берлускони на една година затвор, поради прислушкување. Обвинението против Берлускони датира од 2005 година, кога еден негов весник објави доверлив телефонски разговор со цел да му наштети на неговиот политичкиот противник. Берлускони има право да поднесе жалба на пресудата и ќе биде слободен се додека трае процесот на нејзиното разгледување.
Тој се соочува со уште две обвиненија за даночна измама и за секс со малолетна проститутка.
XS
SM
MD
LG