Достапни линкови

Со пад на индустриското производство тешко до раст на економијата


Илустрација: Фабрика за чипс.
Илустрација: Фабрика за чипс.

Индустриското производство седумнаесет месец е во негатива. Причина не е само светската криза, велат економистите.

Падот на индустриското производство не се должи единствено на кризата и нема да придонесе кон остварување на предвидениот раст од над 2 проценти, сметаат економистите. Индустриското производство седумнаесетти месец е во негатива. Често објаснување за ваквата ситуација е кризата во Европа, но според универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров, тоа не е единствениот фактор
За овој пад на индустријата причина не е само кризата и неснаодливоста на другите пазари, туку и нашата лоша стопанска структура, ориентираноста на Македонија кон гранките кои не се толку многу важни. Тоа значи дека во моменти на криза лесно се откажуваат нарачките.
Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.

„Се разбира неподготвеноста наша да можеме брзо да се преструктурираме или ориентираме на други пазари. Постојат и други пазари, еве на пример рускиот пазар е комплетно неистражен за Македонија. Се разбира тоа е еден многу тежок пазар.“

Нашето фрагментирано стопанство нема капацитет да се пробие на нови поголеми пазари и може треба да се размислува за повеќе здружени настапи, вели Шукаров.

„За овој пад на индустријата причина не е само кризата и неснаодливоста на другите пазари, туку и нашата лоша стопанска структура, ориентираноста на Македонија кон гранките кои не се толку многу важни. Тоа значи дека во моменти на криза лесно се откажуваат нарачките.“
Ако паѓа индустриското производство, ќе треба некои други дејности да растат, а такви нема. Не расте ни земјоделското производство, многу малку градежништвото, а услужните дејности преживуваат некако, но немаат сигурно таков раст.
Ванчо Узунов, универзитетски професор, член на СДСМ.

Во вакви услови владата се задолжува и троши. Покачувањето на пензиите и новите вработувања во администрацијата пред избори се само дополнителен трошок кој во крајна линија се наплаќа од стопанството, сметаат економистите. Професор Ванчо Узунов, кој е член на економско-социјалниот совет на СДСМ, вели дека индустријата веќе е под притисок поради неконкурентност.

„Нема пласман ни на домашниот пазар, ни на странски пазари. Проблемот сега е што плус од тоа во иднина ќе треба тоа стопанство со тие негативни стапки поголемиот дел од доходите што ги создава да ги троши на враќање на земени кредити, сега земени кредити кои не се такви кои се земени за да му помогнат во иднина на стопанството, туку само ќе го оптовари. Вака гледано во иднина на стопанството во Македонија, на економијата воопшто не им се пишува розово“, вели Узунов.

Тој вели дека со ваквите резултати индустријата нема да придонесе кон остварување на предвидениот економски раст од над 2 проценти.

„Ако паѓа индустриското производство, ќе треба некои други дејности да растат, а такви нема. Не расте ни земјоделското производство, многу малку градежништвото, а услужните дејности преживуваат некако, но немаат сигурно таков раст.“

Инаку, во јануари годинава се забележа пад од 1.3 проценти во споредба со истиот период лани.
XS
SM
MD
LG