Достапни линкови

logo-print

Филипините бараат ослободување на мировниците на Голан


Голан, 5 март, 2013

Голан, 5 март, 2013

Филипините остро го осудија и побараа ослободување 21 нивен мировник во рамките на ОН земени во заложништво од страна на сириските бунтовници на восорамнината Голан, односно на границата меѓу Сирија и Израел.
Тие се дел од филипинскиот контигент од 300 војници и вчера беа заробени од група која се нарекува Маченици на Јармук.
Во видеото објавено на Јутјуб, грабнувачите велат дека мировниците нема да бидат ослободени сè додека сиријските владини сили не се повлечат од едно село на Голан.
Мировниците се распоредени на Голан од 1974 како посматрачи на прекинот на огнот во тампон-зоната меѓу Израел и Сирија.
XS
SM
MD
LG