Достапни линкови

logo-print

Вицепремиерот Џафери во посета на Брисел


Заменик-претседателот на македонската Влада, Муса Џафери.

Заменик-претседателот на македонската Влада, Муса Џафери.

Заменик-претседателот на македонската Влада, Муса Џафери, од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел. Предвидено е вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, најпрво во Европскиот парламент да се сретне со известувачот за Македонија, Ричард Ховит. Потоа, Џафери ќе се сретне со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Пјер Вимонт, а закажан е и состанок со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино.
Утре пак Џафери во седиштето на НАТО ќе има билатерална средба со заменик-генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбоу.
XS
SM
MD
LG