Достапни линкови

logo-print

Нова рунда американско-руски разговори за состојбите во Сирија


Сирија.

Сирија.

Американски и руски дипломати денеска на средба во Лондон уште еднаш треба да се обидат да најдат заеднички јазик за сирискиот конфликт. Средбата доаѓа откако претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Барак Обама во петокот минатата недела телефонски дискутираа за Сирија.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери се согласиле оти има „потребата од унапредување на политичката транзиција“ за да стави крај на насилството во Сирија што е можно поскоро.

Од руското Министерство за надворешни работи соопштија дека заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов ќе одржи разговори со американскиот заменик-државен секретар Вилијам Барнс. На средбата ќе учествува и заедничкиот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига во Сирија, Лакдар Брахими.
XS
SM
MD
LG