Достапни линкови

logo-print

Чешка, Унгарија, Полска и Словачка ќе формираат заедничка воена сила


Чешка, Унгарија, Полска и Словачка се согласија да формираат заедничка воена сила. Договорот беше најавен на вчерашниот самитот во Варшава. Договорот предвидува заедничкиот воен состав до 3.000 војици да биде готов до 2016 и треба да служи за операции како што се зачувување на мирот и за кризен менаџмент.
Четирите поранешни комунистички земји - познати како Вишеградската група, сега се членки на Европската унија и на НАТО. На вчерашниот Самит присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Во заедничка изјава беше наведено дека е потребно да се зголеми мултинационалната соработка во одбраната, бидејќи на тој начин се троши помалку на одбраната во време на глобална финансиска криза. Исто така повикаа НАТО и ЕУ тесно да соработуваат при развивањето на одбранбените способности без притоа да се дуплираат напорите.
XS
SM
MD
LG