Достапни линкови

Републиканците го блокираат гласањето за директор на ЦИА


Џон Бренан, ниминират за директор на ЦИА.

Џон Бренан, ниминират за директор на ЦИА.

Републиканските сенатори кои се противат на нападите со беспилотни летала против американски државјани се обидуваат да го блокираат гласањето за предлогот на претседателот Барак Обама директор на ЦИА да биде Џон Бренан.

Сенаторот Ренд Пол од Кентаки вчера започна опструкции против номинацијата на Бренан за директор на ЦИА. Тој бара администрацијата на Обама да издаде соопштение во кое јасно ќе стави на знаење дека беспилотните летала нема да бидат користени во САД за убивање осомничени за тероризам кои се американски државјани. Американските сенатори може да зборуваат колку време сакаат со што може да го одложат гласањето, се додека на тоа не се спротивстават 60 од 100 членови на Сенатот.
Главниот јавен обвинител Ерик Холдер оваа недела рече дека не може да исклучи напади со беспилотни летала против Американци на територијата на САД.
XS
SM
MD
LG