Достапни линкови

Претставничкиот дом одобри легислатива што спречува затворање на владата


Претставничкиот дом на САД ја одобри легислативата што спречува затворање на владата на 27 март. За законот, кој предвидува финансирање на федералните операции до септември, гласаа 267 пратеници во Долниот дом во кој мнозинство имаат Републиканците, а 151 беа против. Ова ќе го намали влијанието на новите кратења во Министерството за одбрана со тоа што ќе се пренасочат неколку милијарди долари за одредени воени операции. На сила остануваат автоматските кратења од 5 проценти од домашните агенции и 7,8 проценти од буџетот на Пентагон, што беа наредени од претседателот Барак Обама во петокот, по неколкумесечни натегања со Републиканците. За да стапи во сила, законот треба да биде изгласан и од Сенатот, каде што мнозинство имаат демократите.
XS
SM
MD
LG