Достапни линкови

Мировници на ОН уапсени во Голанската Висорамнина


Околу 20 мировници на ОН вчера беа уапсени во Голанската Висорамнина на границата меѓу Сирија и Израел, што предизвика остра реакција од Советот за безбедност на ОН. Мировниците биле приведени од организација што се нарекува себе си „Мачениците од Јармук“. Во видеото објавено на Јутјуб, грабнувачите велат дека мировниците нема да бидат ослободени сè додека сиријските владини сили не се повлечат од едно село во областа.
Израел ја освои Голанската Висорамнина од Сирија во 1967 година. Сега тоа е тампон-зона во која патролираат мировните сили на ОН. Во меѓувреме, Велика Британија соопшти дека ќе обезбеди панцири и оклопни возила за сиријските бунтовници. ОН соопштија дека 1 милион Сиријци ја напуштиле земјата од почетокот на конфликтот пред две години.
XS
SM
MD
LG