Достапни линкови

САД - Ирак сè уште е нестабилен


Стјуарт Боуен, генерален специјален инспектор на САД за обновата на Ирак.

Стјуарт Боуен, генерален специјален инспектор на САД за обновата на Ирак.

По 10 години и потрошени 60 милијарди долари од американските даночни обврзници, Ирак сè уште е нестабилен што дури и тамошните лидери се прашуваат дали напорите на Вашингтон за обнова на земјата вредеа за тие пари, соопшти Стјуарт Боуен, генерален специјален инспектор на САД за обновата на Ирак. Ова се наведува во конечниот извештај на Боуен за американскиот Конгрес. За Асошиејтед прес, тој изјави дека напорите за реконструкција „излегоа многу поголеми отколку што се очекуваше“. Тој вели дека ирачкиот премиер Нури ал-Малики му рекол дека американските фондови можеле да донесат големи промени во Ирак, но дека имало ненаменски трошења. Боуен заклучува дека „Не било сторено доволно со оглед на потрошените пари“.
XS
SM
MD
LG