Достапни линкови

logo-print

Кривокапиќ ќе ги бојкотира претседателските избори во Црна Гора


Претседателот на Социјалдемократската партија Ранко Кривокапиќ.

Претседателот на Социјалдемократската партија Ранко Кривокапиќ.

Претседателот на Социјалдемократската партија, помалата членка на владејачката коалиција, Ранко Кривокапиќ изјави денеска дека тој лично ќе ги бојкотира претседателските избори во Црна Гора на 7 април. Според него, за партијата не постои ниту еден претседателски кандидат и кандидатурата на актуелниот шеф на државата Филип Вујановиќ е неуставна.
Кривокапиќ, кој е и претседател на црногорскиот Парламент на прес-конференција по потпишувањето на Рамковната спогодба за партнерство меѓу парламентите на Црна Гора и Унгарија изјави дека постојат повеќе можности за бојкот, од неизлегување на изборите до прецртување на двајцата кандидати на гласачкото ливче.
XS
SM
MD
LG