Достапни линкови

Пожар во Анкара, изгореа 680 деловни простории


Во анкарската чаршија „Јунус Емре“ изгореа 680 деловни простории, при што гаснењето на огнот било отежнато поради бројните експлозии, јави Анадолија.Се уште не се знае причината за пожарот. Претседателот на здружението на чаршијата „Јунус Емре“ во општината Алтиндаг, Озал Балкали изјави дека е можно е да се работи за саботажа.
Огнот бил изгаснат по пет часа, а во акцијата учествувале 52 противпожарни возила и 126 пожарникари. Двајца од пожарникарите се повредени.
XS
SM
MD
LG