Достапни линкови

Никој не сака да посвои болно дете


Дом за деца без родители во Битола.

Дом за деца без родители во Битола.

Етничките бариери при посвојување дете попуштаат, но не и оние поврзани за здравјето на децата.

При посвојувањето на деца без родители попуштаат етничките предрасуди, но не и оние поврзани за здравјето на децата, велат од битолскиот Дом за сирачиња. Во изминатиот период неколку брачни парови Македонци посвоиле деца од друга етничка припадност, вели директорката Наташа Младеновска Лазаревска.
За радување е фактот што во последниот период се растураат предрасудите во делот на посвојување на дете од различни националности. Деца од ромска и друга националност одат на посвојување во семејства со Македонци. Од потенцијалните посвоители веќе не се обрнува толку строго внимание како порано дека мора да посвојат само дете од македонска националност.

„За радување е фактот што во последниот период се растураат предрасудите во делот на посвојување на дете од различни националности. Деца од ромска и друга националност одат на посвојување во семејства со Македонци. Од потенцијалните посвоители веќе не се обрнува толку строго внимание како порано дека мора да посвојат само дете од македонска националност“, изјави директорката.

Таа вели дека сè уште не попуштаат предрасудите кај потенцијалните посвоители во поглед на здравствената состојба на децата.

„Во поглед на здравствената состојба на децата и понатаму се инсистира детето кое ќе оди на посвојување да биде психофизички здраво. Во моментот, 40 проценти од децата згрижени во установата се со пречки во развојот. Тие деца не одат на посвојување, нема интерес за нив, тие и понатаму остануваат во нашата институција, сè додека не се обезбеди згрижувачко семејство кое ќе биде способно и подготвено да го прифати и да му ги понуди сите услови за специјален третман“, додава Младеновска Лазаревска.

Сепак, со електронското посвојување е забрзана процедурата за посвојување на сирачиња. Само во изминатата година дури 40 деца биле посвоени, а помал број дадени во згрижувачки семејства.

„Еден добар дел деца заминаа од институцијата, најмногу на посвојување, а помал број во згрижувачки семејства. Ако на крајот од 2012 во Домот имавме 120 згрижени сирачиња, годинава останаа уште 80 сместени во институцијата“, изјави директорката на Домот за доенчиња во Битола.

Меѓу повеќето деца без родители кои чекаат да бидат посвоени е и малиот Бошко, за чија тажна судбина македонската јавност дозна пред четири години кога родителите го напуштија откако се роди болно. Тоа беше родено со тешка аномалија на ‘рбетниот мозок, па беше и оперирано, а старателството го презеде Центарот за социјални работи од Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG