Достапни линкови

Локални избори – илјадници проекти, некои грандизони, некои нелогични, на кои граѓаните гледаат со резигнација.

Фекална мрежа на скопска Партизанска, снабдување со вода на скопските населби Железара и Автокоманда, зелен бран на сообраќајници, дирекција за јавен превоз, нови катни гаража во речиси секоја населба, фестивал на цвеќето, стратегиска карта за бучава, реконструкција на улици, изградба на спортски сали и базени, изградба на економските развојни зони наменети за странски и домашни инвеститори... Ова се само дел од 10.112 проекти што ги вети владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Верував дека нешто ќе се направи и од едни и од други, но од ова нема, нема крај веќе, како не ограбија, ни велат богата држава а народот осиромаши тотално.

Кандидатите за градоначалници на СДСМ ветуваат гасификација на општините, нови индустриски зони со 30 нови фабрики во Струмица и 3 илјади вработувања, како и нов туристички концепт за Струмица, нови градинки во скопската општина Карпош од каде што преку видео сигнал на интернет родителите ќе можат да ги гледаат своите деца.

По вакви ветувања, дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека ја изгубиле вербата во политичарите и нивните предизборни ветувања.
Некои дури и брда и долини ветуваат или дека ќе ги изместат работите кон позитивно, кон надминување на негативни појави или борба со организиран криминал итн., фактички добиваат само негативни поени кај гласачите.

„Верував дека нешто ќе се направи и од едни и од други, но од ова нема, нема крај веќе, како не ограбија, ни велат богата држава а народот осиромаши тотално.“

„Не им верувам на ниту едни, затоа што досега во овие 20 години не направија ништо.“

„Што е, тука е, верувал ти или не, кој те прашува!“, велат анкетираните граѓани.

Кандидатите за советници редовно ги посетуваат граѓаните и даваат разни ветувања, како на пример на улица на која нема место ни за тротоар тие ветуваат засадување на дрвореди и клупи за одмор.

Иако во земјава сè уште не е спроведен попис на населението, дел од кандидатите за градоначалници ветуваат спроведување на регистер на домашни миленичиња и катастар на зелени површини. Причините зошто граѓаните ја изгубиле довербата во политичарите се делат на објективи и субјективни, вели социологот Ѓорѓи Тоновски.

„Субјективни причини се неподготвеноста на политичарите да ги исполнат докрај своите ветувања, понекогаш се добива впечаток дека ветувањата важат само додека се добие мандатот, а потоа се заборава дека воопшто постои народ, тоа се забележува кај одделни политичари. Меѓутоа исто така постојат и објективни причини, бидејќи често пати се ветува и она што е неостварливо.“

Тој додава дека во крајна линија граѓаните го оценуваат политичкото дејствување според она што значи зголемување на животниот стандард, односно животните услови на луѓето и доколку тоа не се забележува, нити како тренд, ниту како практика, тогаш довербата во оние кои што ветувале се губи.

„Некои дури и брда и долини ветуваат или дека ќе ги изместат работите кон позитивно, кон надминување на негативни појави или борба со организиран криминал итн., фактички добиваат само негативни поени кај гласачите.“

Поради моменталната политичка ситуација, кај граѓаните се забележува разочараност и незаинтересираност за изборите. Во нашата редовна рубрика Хајд Парк ги прашавме граѓаните што им пречи во предизборната политичка кампања.

„Национализмот што го шират, тоа најмногу ми пречи.“

„Сè ме нервира.“

„Ми смета тоа што многу се навредуваат, ми смета, многу е ниско и понижувачки.“

„Не ме интересира ништо од политика“, велат граѓаните.

Што ви се допаѓа, а што ви пречи во предизборната кампања? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG