Достапни линкови

logo-print

Јужна Кореа ќе возврати на секоја провокација од Северна Кореа


„Целосно сме подготвени цврсто и решително да го казниме секој обид за воена провокација од Северна Кореа“, изјави денеска во Сеул оперативниот директор на Генералштабот на армијата на Јужна Кореа генерал мајор Ким Јонг Хиун. Според него, во евентуалнен таков случај не само што ќе биде возвратено на агресијата, туку ќе бидат нападнати и, како што рече, командните елементи во севернокорејската војска. Претходно, американската Бела Куќа предупреди дека Северна Кореа со заканите дека ќе се повлече од примирјето со кое заврши Корејската војна во 1953 година, уште повеќе ќе се изолира од светот.
XS
SM
MD
LG