Достапни линкови

Милион бегалци од Сирија


Бројот на сиријците кои избегале од со војна зафатената земја достигна еден милион, соопшти денеска Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутерес, прецизирајќи дека половината од бегалците биле деца. „Со милион бегалци во странство и со милион расселени во земјата Сирија влезе во спиралата на целосна катастрофа“, оцени тој. Повеќето од бегалците се наоѓаат во Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет. Од почетокот на востанието против режимот на претседателот Башар ал Асад пред повеќе од две години досега во Сирија загинале околу 70 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG