Достапни линкови

„Александарленд“ ги скара грчките локални власти


Локалните власти во северна Грција се скарале за тоа кој треба да го гради тематскиот парк за Александар Велики, насловен „Александарленд“. Градоначалничката на Верија, Харула Усулцоглу, како што јавува МИА, на прес конференција се пожалила дека плановите кои минатата недела ги откри заменик гувернерот на грчката област Централна Македонија Јоргос Цамаслис за изградба на таков тематски парк во близина на Солун, се копија на нацрти кои општината Верија ги направила уште во 2007 година. „Сметаме дека предлогот за изградба на парк посветен на Александар Велики во Солун е неприфатлив“, изјавила таа информирајќи дека планот на општината Верија вклучува тематски парк, хотел, амфитеатар и библиотека кои би биле изградени на површина од 35 хектари во близина на Вергина, родното место на Александар.
XS
SM
MD
LG