Достапни линкови

САД загрижени за случувањата во украинскиот парламент


Соединетите американски држави се длабоко загрижени од последните случувања во украинскиот парламент по обидите за отстранување на дел од пратениците. Стејт Департментот го издвои случајот на Серхиј Власенко, пратеник и советник на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Стејт Департментот соопшти дека обидите за отстранување на овој пратеник од собранието се навудум политички мотивирани поради неговата поврзаност со Тимошенко. Стејт департментот излезе со забелешки и за случаите со независни пратеници,чии мандати беа судски укинати минатиoт месец.
XS
SM
MD
LG