Достапни линкови

Во Венецуела е прогласена седумдневна жалост за претседателот Уго Чавез кој почина вчера по две годишна битка со ракот. Пораки со сочувство до венецуелскиот народ испратија многумина светски лидери. Јавноста во Венецуела, останува поделена во врска со неговото 14 годишно социјалистичко владеење во земјата.

Веста за смртта на Уго Чавез ја соопшти потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро.

„Денеска, петти март по состанокот на министерскиот совет, дојдовме тука во воената болница да се информираме за здравјето на нашиот Команданте. Ја добивме најтрагичната информација што некогаш му ја пренесуваме на нашиот народ. Во 4 часот и 25 минути почина претседателот Команданте Уго Чавез Фираз“, jа пренесе националата телевизија изјавата на потпретседателот Мадуро за кој се смета дека ќе биде наследник на Чавез.
Николас Мадуро, потпретседател на Венецуела.

Николас Мадуро, потпретседател на Венецуела.


На телевизијата се појави и министерот за одбрана кој соопшти дека војската му останува лојална на Уставот.

Денеска, петти март по состанокот на министерскиот совет, дојдовме тука во воената болница да се информираме за здравјето на нашиот Команданте. Ја добивме најтрагичната информација што некогаш му ја пренесуваме на нашиот народ. Во 4 часот и 25 минути почина претседателот Команданте Уго Чавез Фираз.
Педесет и осум годишниот Чавез во изминативе две години беше подлежен на четири операции на Куба како третман на рак кој најпрвин бил откриен во пределот на карлицата.

Последната операција беше на 11 декември лани и оттогаш не се појави во јавноста.

Соопштението за неговата смрт следуваше само неколку часа откако Мадуро изјави дека владата екстрадирала двајца американски дипломати од земјата и оти Соединетите Држави на извесен начин биле виновни за канцерот на Чавез. Ваквите обвинувања веднаш беа отфрлени од Вашингтон како апсурдни.

Чавез го обвини Вашингтон дека бил зад неупсешниот пуч против него во 2002 година.

Веста за смртта на Чавез ја шокираше Венецуела која остана поделена во врска со неговиот начин на владеење во изминативе 14 години.

Неговите поддржувачи ги фалеа програмите за сиромашните, вклучувајќи ги субвенциите за храна и гориво, финансирани од државата која е богата со нафта. Нему му се восхитуваа и за острата антиамериканска реторика.

Неговите опоненти, пак, ги критикуваа неговите потези за национализација на многу претпријатија, за неговото грубо третирање на опозицијата и за расфрлање на нафтеното богатство на земјата.

Американскиот претседател Барак Обама, изразувајќи му ја американската поддршка на венецуелскиот народ, го наведе интересот на Вашингтон за развивање конструктивни односи со владата на таа земја.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун упати изрази со сочувство до народот на Венецуела, додека рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин оцени дека Чавез бил голем политичар.

Боливискиот претседател Ево Моралес, еден од најблиските сојузници на Чавез, изјави дека „Чавез е повеќе жив отколку некогаш“.

Во Куба, владата на претседателот Раул Кастро прогласи дводневна жалост и нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје.

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека Чавез за време на неговото владеење оставил траен впечаток во земјата и пошироко.

Смртта на Чавез го отвора патот за нови претседателски избори кои ќе бидат тест за тоа дали неговата социјалистичка револуција ќе може да преживее и без него. Гласањето би требало да се одржи во наредниве 30 дена, а како главни ривали се сметаат потпретседателот Николас Мадуро и Енрике Каприлес, лидер на опозицијата и државен гувернер кој загуби од Уго Чавез на изборите одржани во октомви минатата година.

Посмртните останки на Чавез ќе бидат изложени во Воената академија во Каракaс до погребот в петок.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG