Достапни линкови

logo-print

Северна Кореа со закани поради меѓународните санкции


Војската на Северна Кореа на прославата на третиот нуклеарен тест во минатиот месец.

Војската на Северна Кореа на прославата на третиот нуклеарен тест во минатиот месец.

Северна Кореа се закани дека нема повеќе да го почитува договорот за прекин на огнот со кој се стави крај на корејската војна и кој беше потпишан во 1953 година, доколку нејзиниот јужен сосед и САД ги продолжат заедничките воени вежби.
САД и Кина постигнаа договор за дополнителни меѓународни санкции врз Северна Кореа со цел да ја казнат земјата за нуклеарните тестирања.
Советот за Безбедност на ОН денеска попладне треба да одржи затворени консултации за Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG