Достапни линкови

Без првообвинетите продолжи судењето за Монструм


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за пет убиства во Македонија на 12 април 2012 година.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за пет убиства во Македонија на 12 април 2012 година.

Без присуство на двајцата првообвинети Африм Исмаиловиќ и Алил Демири денеска продолжи судскиот процес за случајот „Монструм“. Исмаиловиќ и Демири кои според истражните органи се директни извршители на петкратното убиство кај Смилковското езеро, завчера беа уапсени од страна на косовската полиција. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера изјави дека се собира документацијата за нивна итна екстрадиција во Македонија.
На обвинителната клупа денеска се четворицата обвинети Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Рами Сејди, кои се товарат за тероризам, како и лицето кое е обвинето дека им помагало Хаки Азири.
XS
SM
MD
LG