Достапни линкови

Јосиповиќ-границата меѓу Хрватска и БиХ нема да биде „кинески ѕид“


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ порача дека границата меѓу неговата земја и БиХ нема да биде „кинески ѕид“ и дека ќе стори се за да граѓаните и натаму да можат да патуваат само со лични карти. Според него, Хрватска смета дека сите земји од регионот имаат свое место во ЕУ и дека земјата е подготвена да и ја пружи на БиХ сета политичка и техничка помош.
Кога станува збор за внатрешните политички прашања на БиХ, Јосиповиќ ги повика претставниците на трите народи да најдат консензус заради стабилноста и заедничкото напредување кон ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG