Достапни линкови

Четворица турски војници ранети во Југоисточна Турција


Архива 1993, Курдскиот бунтовничлки лидер Абдула Оџалан

Архива 1993, Курдскиот бунтовничлки лидер Абдула Оџалан

Четворица турски војници биле ранети во експлозија на мина, поставена на пат во округот Дијарбекир, Југоисточна Турција. Се претпоставува дека мината ја поставиле курдски бунтовници.
Експлозијата се случила доцна синоќа при преминување на оклопно возило, во кое патувале војниците. Мината била активирана со далечински управувач.
Повредените војници биле хоспитализирани во градот Лиџе, во реонот каде се случил инцидентот.
Турските сили за безбедност презеле широка операција за апсење на организаторите на нападот.
XS
SM
MD
LG