Достапни линкови

Платата вреди 5 отсто помалку од пред две години


Според податоците на Државниот завод за статистика, иако номиналната нето плата благо се зголемува, реалната плата во 2012 била за 2,9 отсто пониска отколку претходната година. Во 2011, пак, реалната плата била за 2,4 отсто пониска од таа во 2010 година.

Просечната плата во Македонија изгубила повеќе од 5 отсто од својата вредност во изминатите две години. Според податоците на Државниот завод за статистика, иако номиналната нето плата се благо се зголемува, реалната плата во 2012 била за 2,9 отсто пониска отколку претходната година. Во 2011, пак, реалната плата била за 2,4 отсто пониска од таа во 2010 година.
Граѓаните со своите плати можат да купуваат помалку стоки и услуги, заради тоа што платите во просек растат значително побавно, отколку што расте инфлацијата во Република Македонија. Со оглед на тоа дека инфлацијата е релативно ниска, 2-3 проценти годишно, тоа значи дека платите воопшто немаат никакво покачување и тоа е резултат и на вкупната економска криза и на лошите мерки на Владата.

Користејќи го калкулаторот на интернет страницата на Државниот завод за статистика, се гледа дека трошоците за живот во кој било месец од 2012 се за 6 до 9 отсто повисоки од трошоците за живот во соодветниот месец во 2010 година. Или ако се обидеме да најдеме некој просек, трошоците за живот во 2012 се за околу 7,3 отсто повисоки отколку во 2010 година.

Исто така, според Државниот завод за статистика, просечната нето плата во Македонија во периодот јануари-декември 2012 година била 20.902 денари, додека во истиот период во 2010 година била 20.553. Просечната плата во изминативе две години се зголемила за околу 350 денари, односно во 2012 година била за околу 1,7 отсто повисока отколку во 2010 година. Трошоците за живот растат многу побрзо отколку што растат платите, односно со платата може да се купат помалку производи отколку пред две години.
Колку примавте плата лани - 100 евра, колку сега 105 евра, на прв поглед лажно мислиме дека стандардот ни е пораснат за 5 проценти. Но ако сфатиме дека денеска за 105 евра купуваме 90 литри гориво, а лани за 100 евра сме купувале 100 литри гориво, тогаш реалано ние сме осиромашеле за 10 проценти.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека реалната плата во Македонија две години по ред се намалува за 2-3 отсто - и како резултат на кризата, но и поради лошите економски политики на владата.

„Граѓаните со своите плати можат да купуваат помалку стоки и услуги, заради тоа што платите во просек растат значително побавно, отколку што расте инфлацијата во Република Македонија. Со оглед на тоа дека инфлацијата е релативно ниска, 2-3 проценти годишно, тоа значи дека платите воопшто немаат никакво покачување и тоа е резултат и на вкупната економска криза и на лошите мерки на Владата.“

Поповски вели дека е позагрижувачко тоа што во приватниот сектор платите се намалуваат побрзо, отколку во јавниот сектор, а токму приватниот сектор секаде е генератор на економскиот раст.

Македонскиот просечен граѓанин, никогаш не бил посиромашен, вели економскиот аналитичар Зоран Витанов, кој е поранешен заменик-министер за економија. Според него, трошоците за живот ќе растат уште повеќе и не е битно дали номинално платите ќе растат, реално тие опаѓаат драматично.

„Колку примавте плата лани - 100 евра, колку сега 105 евра, на прв поглед лажно мислиме дека стандардот ни е пораснат за 5 проценти. Но ако сфатиме дека денеска за 105 евра купуваме 90 литри гориво, а лани за 100 евра сме купувале 100 литри гориво, тогаш реалано ние сме осиромашеле за 10 проценти.“

Витанов додава дека Македонија стимулира паразитски економии, наместо развојни.

„Македонија со сите економски политики, посебно монетарната политика и монетарната власт во изминатите дваесетина години е душман за стопанството, а рај за банкарството.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG