Достапни линкови

Иванов очекува да се формира Анкетна Комисија за 24 декември


За две недели се очекува да почне работата на Анкетната Комисија за настаните од 24 декември, чие формирање е дел од договорот меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, постигнат со посредство на ЕУ.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, според утврдениот план, Комисијата ќе треба да работи брзо и ефикасно бидејќи веднаш по локалните избори треба да биде одржана средба на која ќе се разговара за политичката ситуација, вклучувајќи ги и нејзините наоди за настаните од 24 декември.
Ќе ја сочинуваат пет члена - експерт предложен од Иванов, кој воедно и ќе претседава со Комисијата, двајца членови од СДСМ, еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден странец. Одлуките Комисијата треба да ги донесе со консензус.
XS
SM
MD
LG