Достапни линкови

ОН - нова резолуција за Северна Кореја


Обединети Нации - архива

Обединети Нации - архива

Советот за безбедност зад затворени врати ќе одржи консултации за Северна Кореја. Според ипломатски извори, САД ќе бараат нови санкции за да се казни Северна Кореја поради најновата нуклеарна проба.
Се наведува дека Вашингтон за текстот на резолуцијата постигнаал договор со Пекинг. Сите 15 членки на Советот со изјава ја осудија нуклеарната проба на Пјонгјанг на 12 февруари.
Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, чија земја претседава со Советот овој месец, вчера изјави дека резолуцијата за Северна Кореја може да биде одобрен во текјот на овој месец.
XS
SM
MD
LG