Достапни линкови

logo-print

Црвенковски: Груевски треба до јуни да го смени името


Груевски мора до почетокот на јуни да го исполни ветувањето за промена на името и добивање на пристапни преговори за прием на Македонија во ЕУ . Ова синоќа на митингот во Струмица го изјави лидерот на СДСМ Бранко Црвеновски. Тој во својот говор на митингот на кој досегашниот градоначалник Зоран Заев од струмичани побара уште еден мандат, истакна дека иако во договорот за надминување на политичката криза и прекин на бојкотот не постои зборот предвремени, сепак тој договор има динамика која упатува дека предвремени парламентарни избори ќе има до септември, затоа што Груевски мора до почетокот на јуни да го исполни ветувањето за промена на името и добивање пристапни преговори за прием во ЕУ. Тој додаде дека ако Експертската комисија во рок од 60 дена утврди дека имало прекршување на Уставот, тогаш започнуваат преговорите за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Никола Груевски пак од Охрид каде што владечаката партија ја започна својата изборна кампања со промоција на кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески изјави дека престојниве избори се референдум. Тој изјави дека е доста ги слушале политичките противници како ги омаловажуваат, како се закануваат, како што вели, „одработуваат туѓи и срамни агенди и ја коцкаат честа на татковина.“

ДПА својот изборен караван го започна во Тетово со промоцијата на Сали Беџети кој се кандидира за втор мандат. Во своето обраќање лидерот на партијата Мендух Тачи изјави дека со победата на ДПА во Тетово ќе ја победат политиката што ги загрозува правата на Албанците.

ДУИ во Тетово ја претстави кандидатката за градоначалничката функција Теута Арифи . Лидерот на партијата Али Ахмети изјави дека Тетово е град во кој што владее анархија и тоне во долгови.
XS
SM
MD
LG