Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху: Иран се доближува до „црвената линија“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека иранската нуклеарна програма се приближува до „црвената линија“, ситуација во која е потребно да се преземе акција.Тој додаде дека досегашните меѓународни санкции не доведоа до прекинување на иранската програма. Нетанјаху повика да се спроведат нови санкции кои ќе вклучуваат и закана од воена акција. Тој на конференцијата на американскииот комитет за надворешни работи изјави дека сите опции вклучувајќи и воена акција се на маса, со цел да и се стави крај на иранската нуклеарна програма. Во Саудиска Арабија американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека дипломатско решение за иранскиот проблем не може по дефиниција да остане отворено на неодредено време. Во меѓувреме шефот на меѓународната агенција за атомска енергија побара од Иран да не ги пролонгира непотребно разговорите за програмата за нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG