Достапни линкови

Нови санкции за Северна Кореја


Советот за безбедност на Обединетите Нации свика за денеска зад затворени врати консулатции за Северна Кореја. Новинските агeнции повикувајќи се на дипломатски извори јавуваат дека САД ќе предложат нови санкции поради последната нуклеaрна проба. Дипломатските извори тврдат дека е постигнат договор меѓу Вашингтон и Пекинг за текстот на резолуцијата. По нуклеарната проба изведена на 12 февруари, сите 15 земји членки на Советот за безбедност во заедичка изјава го осудија настанот и најавија дополнителни мерки за Северна Кореја. Рускиот амбасадор во ОН најави дека резолуција за Северна Кореја може да биде донесена во текот на месецов.
XS
SM
MD
LG